Пејачката Симона Поповска стана мајка

пред 3 години

Пејачката и дерматолог, Симона Поповска, стана мајка. Таа и нејзиниот сопруг, Кристијан Сињори, добија син. Ова е прво дете на двојката што се венча 2018 година. Веста за раѓањето на бебето ја изненади јавноста, бидејќи ни Симона ни нејзиниот сопруг не открија дека таа е бремена.

Симона, последните неколку месеци на своите профили на социјалните мрежи објавуваше само фотографии поврзани со нејзината работа.

За потсетување, Симона скоро 15 години се занимава со музика. Настапуваше и освои награди на бројни фестивали, а долго време настапуваше и низ клубовите во Македонија заедно со диџеј Ерик Фокс.

 

Scroll to Top