Бившиот маж ја тужи Емина: Поважни и се шминките од децата, веќе не и давам пари

пред 3 години

По веста дека пејачката Емина Јаховиќ го тужела бившиот сопруг, Мустафа Сандал, затоа што 26 месеци не плаќал алиментација за синовите Јаман и Јавуз, и пејачот Мустафа Сандал и возвратил со тужба за старателство врз Јаман и Јавуз, бидејќи „таа не е подобна мајка“.

Турскиот пејач во тужбата навел дека поранешната сопруга повеќе време посветувала на козметичката линија, отколку на синовите, како и дека за децата наместо мајката се грижат дадилки.

„Мустафа полуде кога му стигна тужбата од Емина, за неплаќање на алиментација. Тој после разводот ги помагаше финансиски Емина и децата, но престана кога сфати дека таа заработува повеќе од него. Емина од тогаш не му побара ниту евро, но неодамна пресече, го тужеше и за тоа зборуваше во медиумите“, рекол извор близок до поранешната двојка и додал дека поранешните сопружници разговараат само преку адвокат.

„Мустафа не сака никаков контакт со Емина, па му рекол на адвокатот дека и тој сака да ја тужи Емина. Сандал во тужбата навел дека Емина е невнимателна мајка, бидејќи синовите ги остава на дадилките, додека таа патува и целото време го посветува на козметичката линија. Затоа сака да и го одземе старателството“, додал изворот.

Пејачката не сакала ниту да ги потврди, ниту да ги демантира овие наводи, но рекла дека „е тажно што после толку години имаат таков проблем“.

„Законот во Турција сериозно ги штити жените, затоа е добро што се се случува овде во Турција, а не во Србија. Веројатно на крајот некако ќе се договориме“, рекла Емина.

Scroll to Top