Бритни Спирс е како во кома, адвокатот на пејачката проговори за тешката состојба на пејачката

пред 4 години

Адвокатот на Бритни Спирс, Сем Ингам, откри за менталната состојба на пејачката и ја спореди со пациент во кома. Тој пред судот истакнал дека Бритни не е во состојба да потпише било каков документ, затоа што не може ниту да го прочита, ниту да го разбере.


„Таа е во кома, не буквална, но така се однесува. А, луѓето во кома треба да имаат адвокати кои ќе зборуваат во нивно име. Нејзината здравствена состојба не е добра и тоа е нешто што многу ме загрижува. Ментално многу е лоша, толку лоша што таа не е свесна каде се наоѓа и што се случува околу неа“, порачал адвокат.

Бритни Спирс го ангажирала Ингам за нејзин адвокат, кој е задолжен да бара од надлежните институции да го поништат старателството кое го има нејзиниот татко, Џејми Спирс над неа.

На тој начин Бритни сака Џејми да престане да има контрола над неа и нејзиниот живот. Џејми Спирс, во 2008 година ја превзема контролата над нејзината работа и така го спречи негативниот публицитет со кој пејачката се соочи и кој можеше да ја уништи нејзината музичка кариера.

Џеми го превзема старателството над својата нестабилна ќерка и благодарение на тоа, поп пејачката ѝ се врати на музиката.

 

Scroll to Top