(Видео) „Ветивме ќе трчаме онолку маратони колку што ти имаше години“ – Маратонците 13. пат во чест на Тоше

пред 4 години

Десетте маратонци кои и оваа година трчаа во спомен на Тоше Проески, денес напладне стигнаа во Крушево. Со црвени ружи во рацете, тие прво застанаа во центарот на градот. „Ветивме дека ќе истрчаме 26 маратони, колку што ти имаше години. Денеска е тринаесеттиот. За кого? За Тоше“, извикаа тие. Потоа, и покрај дождот, продолжија да трчаат до Меморијалниот центар и до гробот на Тоше на Гумење.

„Денес и небото плаче“, коментираат на социјалните мрежи, покрај видеата од маратонците. Поради пандемијата со коронавирусот, тие оваа година трчаа само во Македонија, од граничниот премин Табановце, преку Скопје до Крушево. Двајца претставници на маратонците истрчаа симболични 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и положија цвеќе на местото на несреќата каде што загина музичката ѕвезда.

Тоше Проески загина во близина на Нова Градишка, Хрватска, на 16 октомври 2007 година. Оттогаш секоја година група маратонци трчаат од Нова Храдишка до Крушево во негова чест.

Фото: Д. Перковски

Scroll to Top