Вилата на Џејмс Бонд се продава за 100 милиони долари

пред 4 години

Љубителите на филмовите за агентот 007 сигурно ќе се сетат на луксузната вила во која престојуваше Пирс Броснан за време на снимањето на продолжението на „Утрешнината никогаш не умира“ (Tomorrow Never Dies).

Глумецот си изгради токму таква и за себе, а сега ја продава за 100 милиони долари. Вилата всушност, е дизајнирана од неговата сопруга Кили Шеj Броснан. Tиe вo неа живееја 18 години и одгледа два сина на овој имот. Меѓутоа, денес семејството Броснан повеќе престојува на Хаваите.

– Го сакам Малибу. Тој град е во моето срце. Но, денес нашиот дом е тука, на островите, изјави Пирс Броснан.

Зданието се простира на 1.100 квадратни метри и се нарекува „Куќа на орхидеи“. Луксузниот имот има и приватна плажа долга околу 36 метри покрај Тихиот Океан. Броснанови за својот дом од соништата ги најмиле архитектите Ралф и Рос Андерсон.

„Куќата на орхидеи“ се градеше скоро цела деценија, па резултатот е, според многумина – навистина зачудувачки.

Главната просторија на вилата се протега на 370 квадратни метри, а во неа се сместени камини, уметнички студија и пространа соба за дневен престој со поглед кон океанот. Во вилата се наоѓа и кино-сала, бар и склад за 200 шишиња вино, како и пет спални соби и 14 бањи.

Scroll to Top