Новиот Бонд филм одложен по трет пат

пред 3 години

Oбјавувањето на новиот филм за Џејмс Бонд е одложено по трет пат поради пандемијата на коронавирусот.

Првично требаше да се појави на филмското платно во април 2020 година.

Филмот е 25-тото продолжение во франшизата на Бонд и го одбележува последното појавување на актерот Даниел Крег во улога на 007 агент.

Фановите чекаат нов филм за Џејмс Бонд уште од „Спектра“ од 2015 година, со што ова е една од најдолгите паузи меѓу два филма.

На почетокот на оваа недела, водечките режисери вклучувајќи ги Дени Бојл и Сер Стив Мартин повикаа на финансиска поддршка од владата на Велика Британија затоа што поради целата ситуација со пандемијата, кино салите во се на работ на егзистенција без никаков профит.

Scroll to Top