Метју Маконахи: Татко ми доживеа срцев удар додека имаше секс со мајка ми

пред 4 години

Оскаровецот Метју Меконахи за првпат отворено проговори за смртта на неговиот татко Џејмс, кој почина во 1992 година. Меконахи призна дека му се треселе колената кога дознал за веста.

„Не можев да верувам. Тоа беше мојот татко. Никој и ништо не можеше да го убие. Освен мене. Секогаш ни говореше на мене и на моите браќа дека кога ќе замние, тоа ќе биде за време додека води љубов со нашата мајка. И така беше. Тој доживеа срцев удар за време на секс со неа“, изјавил глумецот.

Тој додаде дека односот на неговите родители бил многу турбулентен, како и дека понекогаш двајцата знаеле да бидат насилни еден кон друг. Тие двапати се разведувале и трипати се венчале.

„Нивниот живот беше како Тихиот океан во бура“, изјавил Меконахи.

 

Scroll to Top