Прво тироидната жлезда, па сега и срцето, болестите никако да запрат: Јелена Розга прозборе за проблемите со кои се соочува

пред 3 години

Хрватската пејачка Јелена Розга (43) во интимниот разговор за „ Глорија.хр “ зборувала за своите здравствени проблеми и за стресот со кој се соочува во текот на кариерата.

“Со денови чувствував дека нешто не е во ред, ама мислев дека во прашање е стрес и премор, бидејќи беше јануари, а претходната година беше и тоа како напорна. Тој ден ми беше дијагностицирана тахикардија, срцето толку силно ми чукаше, што се исплашив дека само ќе се срушам – рекла Розга.

Проблемите со срцето ги открила по еден ненадеен напад после кој сѐ се променило.

„Најважно е што помалку да се вознемирувам, не само заради срцето, туку и заради тироидната жлезда. По таа епизода во јануари 2018 година, не сум имала поголеми проблеми. Досега сите концерти во изминатите три години ќе одработив без никакви проблеми. Благодарение на терапијата и дисциплината, физички се чувствувам одлично. И понатаму можам два часа да пеам и да танцувам со мојата публика“, рекла пејачката.

Таа последните три години е на терапија со бета блокатори поради срцето, а веќе со години има проблем и со штитната ѕлезда, заради која пие хормонска терапија секое утро. Болеста ја открила во 2016 година.

“Се будев уморна, постојано чувствував замор и губев на тежина Отидов на лекар и добив дијагноза. Набрзо почнав да пијам лекови. Некогаш е тешко така да живееш, некогаш полесно. Тие проблеми влијаат на расположението, а во комбинација со стресот, се станува потешко – искрена била Розга.

 

Scroll to Top