(Фото) “Како изгледаме тука, како да сме основци“- Јелена и Ноле со фотка од таванот стара 13 години

пред 4 години

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, на „Инстаграм“ објави слика од 2007 година, кога таа и Новак славеле две години врска. За годишницата, тенисерот на Јелена ѝ подарил 1001 ружа.

„Фотка од таванот. Гледам како изгледаме тука, како да сме основци, а со 1001 ружа ја просливме годишницата од врската и победата во Дејвис купот“, напиша Јелена.

„Ах, таа љубов“, е еден од коментарите под сликата.

Scroll to Top