СЕГАШНАТА НА БРЕД БИТ одговори дали ја мрази БИВШАТА НА ГЛУМЕЦОТ

пред 4 години

Новата девојка на Бред Пит (56), германската манекенка Никол Потуралски (27), објави фотографија на која позира во тесен портокалов фустан и остави коментар со кој крена голема прашина на Инстаграм. Среќните луѓе не мразат – порача Никол под фотографијата. По таквата објава веднаш следуваа коментари од бројни следбеници, главно прашувајќи ја за поранешната сопруга на Бред Пит, актерката Анџелина Џоли. Зошто тогаш ти и Бред ја мразите Анџелина? Практикувај го тоа што го проповедаш, девојко! – беше едно од прашањата. Убавата манекенка го удостои со одговор: Јас никого не мразам. Според таблоидите, Анџелина била бесна поради тоа што Бред ја однел новата девојка на имотот Миравал во Франција што во 2011 година го купи со Анџелина Џоли и каде што тие двајцата се венчаа.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top