(Фото) Бела Хадид крие дека е во врска со внукот на Џек Николсон

пред 4 години

Моделот Бела Хадид веќе еден месец е во тајна врска со Дјук Николсон, внукот на легендарниот глумец Џек Николсон, тврди „Пејџ сикс“. Според нив, 24-годишната манекенка не сака уште да се појавува во јавноста со новиот дечко, кој, исто како и неговиот дедо, е глумец.

Според извори на порталот, Дјук (20) ја испратил Бела на нејзиното „патување само за девојки“ оваа недела, кога го прослави 24. роденден. Тие се запознале додека глумецот бил на патување во Њујорк и брзо потоа почнале да се гледаат.

Инаку, Дјук глумеше во трилерот „Ние“ (Us), на оскаровецот Џордан Пил, кој имаше премиера во кината во март 2019 година и доби позитивни критики и од публиката и од филмските критичари.

Scroll to Top