„Тропав на прозорецот да ја натерам Николина да отвори“, раскажува пријател на хрватската водителка кој ја спаси од труење

пред 3 години

Во станот на водителката, Николина Пишек  (44) во Загреб пукнала цевка од плинот кој обезбедува греење за целата зграда. Николина и нејзината шестгодишна ќерка Уна биле отруени со плинот, а што се случило, за медиумите раскажа пријател на Николина, кој вели дека дека ги спасил и двете – мајкта и ќерката.

“Ми се јави Видој, сопругот на Николина,  во 2.20. Рече дека на Николина и на Уна не им е добро, да одам да проверам што е. Ми рече дека Николина ја боли главата, дека не може да вози до болница и доколку треба, јас да ги однесам. Веднаш седнав во автомобилот и  се јавив, но таа не одговараше. Ниту мене, а веќе и на Видоје, не му се јавувала “, раскажа за хрватските медиуми пријател на семејството.

Дојдов пред станот и тропав по прозорот, а кучињата лаеја. По пет минути дојде Николина целата занесена. И велам, да го овори прозорот, девај ми одговараше. Откако ја отвори вратата, влегов во станот, отворив се и го изгасив плинот. Веднаш се јавив на Итната медицинска помош, повикав полиција и луѓе за гасоводот. Ги однесов во болница со Уна, а потоа отидов до границата со Србија по Видоје – додава изворот за 24sata.hr.

Кога дојде екипата со детектор за јаглероден моноксид покажа дека доколку не сум отворел се’, тие би можеле да настрадаат. Николина имала 25 проценти јаглерод моноксид во себе, а Уна 15. Докторите рекоа дека на 25 проценти остануваат трајни последици за органите – додава пријателот.

Полицијата извести дека најверојатно дошло до труење со плин поради неисправност на плинскиот бојлер. Николина е  во брак со Видеоје Ристиќ и ја имаат ќерката Уна, од предходната врска со новинарот Марк Цигој, ја има ќерката Хана.

Николина Пишек и ќерка ѝ пронајдени без свест во домот

Scroll to Top