(Фото) Ќерката на Ал Пачино ја истетовира легендарната реплика на татко ѝ од филмот „Лице со лузна“

пред 3 години

Оливија Пачино е ќерка на еден од најпознатите холивудски актери, Ал Пачино.

Таа објави фотографија со нова тетоважа, која ја посвети на легендарната улога на нејзиниот татко во филмот „Лице со лузна“ (Scarface).

„Светот е твој“ (The world is yours), стои на раката на Оливија, тетоважа посветена на препознатливата реплика на Тони Монтана, лик што го играше татко ѝ во филмот „Лице со лузна“.

Иако има многу тетоважи посветени на овој филм и на Ал Пачино, сепак оваа има дополнителна тежина затоа што ја направила неговата ќерка.

Славниот Мајкл Корлеоне од „Кум“ и Тони Монтана од „Лице со лузни“ му донесоа голема слава на холивудскиот актер Ал Пачино.

Инаку, Оливија е родена 2001 година во Калифорнија, а мајка ѝ е актерката Беверли Ди Анџело, која на публиката ѝ е позната од култниот филм „Коса“. Таа има брат близнак Антон и полусестра Џули.

Scroll to Top