(Фото) Меколи Калкин ја има најшизчката маска во Холивуд

пред 4 години

Маската на Меколи Калкин во моментов го „руши Интернетот“ со повеќе од половина милион лајкови за само неколку часа. Калкин, кој се прослави како дете со улогата во комедијата „Сам дома“, се пофали со маската против ковид -19 ,  со отпечаток на лицето од култниот постер за тој филм и познатата сцената во која Кевин вреска. Just staying Covid-safe wearing by the flayed skin of my younger self. Don’t forget to wear your masks, kids. pic.twitter.com/RBd3X1AayD — Macaulay Culkin (@IncredibleCulk) October 7, 2020 „Јас само се штитам од Ковид-19 носејќи ја кожата на моето помладо јас. Не заборавајте да носите маска, деца“, напиша тој покрај фотографијата што ја објави на својот Твитер профил. Фотографијата доби половина милион лајкови за неколку часа, беше споделена 75.000 пати, а фановите му доделија „Оскар за најдобар твит“.

Scroll to Top