(Фото) Сузана Гавазова ги подарува омилените фустани на дами по случаен избор

пред 4 години

Познатата фолк пејачка Сузана Гавазова реши да направи  хуман гест  со нејзините парчиња облека. Таа подарува шест фустани за кои вели дека и се омилени и кои имаат посебно значење за неа.

„Овие прекрасни фустани кои се од посебно значење за мене ги подарувам на шест различни добитнички по случаен избор“, вели Гавазова.

Таа побара да ја следет на Фејсбук и Инстаграм каде ќе даде инструкции што да направат. Добитничките  лично ќе ги контактира и ќе ги објави на фан страната. Наградната игра е до петок.

 

 

Scroll to Top