(Фото) Џенифер Лопез ги украде погледите на плажа

пред 4 години

Пејачката Џенифер Лопез го украде вниманието на една од плажите во Калифорнија. Во розево бикини таа покажа дека и на педесет години изгледа одлично. Нејзините фанови ја пофалија за изгледот и коментираа дека многу нејзини помлади колешки, можат да и позавидат. Пејачката во своите интервјуа откри дека за нејзината линија заслужни се здравата исхрана и редовното вежбање. „Прекрасна си, изгледаш спектакуларно. Гориш. Како е можно да изгледаш волку добро?“, биле само некои од коментарите. Лопез која важи за една од најсексипилните жени во светот, вели дека редовно вежба, особено откако е во врска со пензионираниот бејзбол играч Алекс Родригез, со кого се вери минатата година. Венчавката ја планираа за ова лето, но поради пандемијата со коронавирусот, одлучија да ја одложат.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top