Јосип Броз Тито донираше 350.000 денари на СОС Детско село

пред 3 години

Авторот на книгата „Тито мојот последен херој“, Зоран Спасов – Ѕоф и издавачката куќа „Арс Ламина“, денес донираа 350.000 денари на „СОС Детско село“. Средствата беа собрани преку кампањата „Донирај и добиј книга“. Кампањата почна лани во ноември, на иницијатива на Ѕоф и издавачката куќа. Средствата од продажбата на првиот тираж од 1000 примероци, вклучително и оние од авторските права беа донирани за потребите на децата, младите и семејствата во ризик.  Донаторите денес го посетија селото и се запознаа со едно од семејствата.

Директорката  Јулијана Накова Гапо, им се заблагодари и рче дека солидарноста има круцијална улога во овоа време кога светот застана зарди пандемијата на Ковид-19.

„Благодарни сме што добивме партнери како авторот Зоран Спасов-Sоф и издавачката куќа „Арс Ламина”, кои покажаа исклучителна сензибилност за важноста на помагањето во време на пандемија. Преку нивната акција ја покажаа нивната солидарност, но и индиректно ја промовираа потребата за солидарност помеѓу граѓаните и важноста да се помага на најранливите категории – децата и семејствата во социјален ризик“, рече Гапо.

Scroll to Top