Панчо и Андреј ги израдуваа децата од СОС детско село и Детската клиника Козле

пред 3 години
Панчо и Андреј од ДНК, им донесоа новогодишни пакетчиња на децата од СОС Детското село и Детската клинка Козле.  Тие им подарија пакетчиња по повод прославата за 18 години постоење на сцената, но и за да ги израдуваат пред празниците.
„Дечки, како што ви ветивме  со вашите донирани средства за купените „карти” за нашиот виртуелен концерт, дониравме 160 пакетчиња во детскиот клинички центар, детската клиника Козле и СОС Детско село. Со оглед на околностите бевме спречени да се подружиме со дечињата но ветивме дека ќе се вратиме на дружба и музика во некои подобри времиња. ПС – Сликите од концертот ќе видите утре“, напишаа Андреј и Панчо.
Scroll to Top