Ќерката на Анџелина Џоли и официјално го промени името во Џон, подготвена e и за операција на полот

пред 4 години

Ќерката на холивудската глумица Анџелина Џоли, која ја доби во бракот со Бред Пит, Шајло, го промени своето име во Џон, пишуваат светските таблоиди. Во февруари годинава, таа и службено го промени името во машко, а како што пренесуваат светските медиуми, таа е подготвена и да направи операција за промена на полот. Засега никој од нејзиното семејство не ги потврдило ваквите наводи. „Таа сака да биде машко, па затоа и ја скративме косата. Таа сака да се облекува како машките и мисли дека е една од браќата“, изјавила Анџелина во едно од своите интервјуа и објаснила дека таа ја поддржува својата ќерка, без разлика каква одлука ќе донесе.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top