Џенифер Лопез сака да ги прислушкува домашните помошнички

пред 4 години

Поранешниот маж на Џенифер Лопез, пејачот Марк Ентони, вели дека таа сака дa ги прислушкува домашните помошнички. Лопез ова го правела десет години додека биле во брак, а според него, сигурно тоа го прави и денес. „Тоа е многу забавно за неа. Имавме камери за надзор во куќата, а таа понекогаш седеше пред екранот и слушаше за што зборуваат додека беа во кујната. Некогаш обожаваше да се прикрадува, па ги слушаше зад ѕидот. Не знам зошто тоа ја забавуваше, но мислам дека тоа го прави и денес“, изјави тој за американските медиуми. Марк и Џенифер ја започнаа својата врска во 2003 година, а се венчаа во 2004 година. Тие се разведоа десет години подоцна, а ги имаат близнаците Еме и Максимилијан.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top