Џејн Фонда носи облека стара 30 години

пред 4 години

Холивудската легенда Џејн Фонда призна дека носи облека стара и по 30 години за да ја спаси планетата. Таа во едно скорешно интервју рече дека се откажала од шопингот и дека е задоволна со она што одамна го има. 82-годишната глумица во интервјуто раскажа дека не сака да фрла совршено добри парчиња облека бидејќи смета дека тоа може да има негативно влијание врз животната средина. „Не мора да трошиме толку многу на облека. Ние мора да бидеме задоволни со помалку. Се обидувам повеќе да не купувам ништо ново, нова облека. Јас сè уште го носам она што го носев пред 30 години и имам толку многу облека, што секој ден од годината можам да носам нешто различно, а да не купам ништо ново“, вели фонда за магазинот „Интервју“. Глумицата последниве години сè помалку прифаќа улоги, но вели дека би сакала да игра некој голем, важен лик пред да се пензионира.

Scroll to Top