Автомобил изгоре во Куманово

пред 3 години

Автомобил изгоре во Куманово, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Во дневниот билтен пренесуваат информација дека вчера кумановските пожарникари еден час го гаселе пожарот на запалено патничко моторно возило. Возилото се наоѓало на улицата „Никола Тесла“.

На пожарот интервенирале петмина пожарникари со едно противпожарно возило од 18:35 до 19:35 часот.

Scroll to Top