Судир на мотор и автомобил на патот Куманово-Свети Николе, тешко повреден моторџијата

пред 3 години

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, соопштија денеска од СВР Куманово.

– Денеска во 15:17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и мотоцикл, каде што возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во кумановската болница-соопштија од СВР Куманово.

Кумановската полиција изврши увид на местото на несреќата.

Scroll to Top