Автомобил удри во малолетни пешаци во Кичевско

пред 4 години

Двајца пешаци-малолетници од кичевското село Челопеци се тешко повредени кога во нив удрил автомобил на локалниот пат кај с.Челопеци во Кичево. Несреќата се случила вчера попладнето, а автомобилот го управувал 73-годишниот М.Ѓ од Кичево. По незгодата, тие биле пренесени во Медицински центар Кичево, при што кај едниот биле констатирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top