Тешко повреден мотоциклист по судир со автомобил

пред 3 години

19-годишно момче од Кичево кое управувало мотоцикл, се здоби со тешки повреди во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај населбата „Горица“.

– На 30.04.2021 во 19.50 часот било пријавено дека на Магистралниот пат Охрид-Кичево, кај населба „Горица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(27) од Кичево и мотоцикл, управуван од А.К.(19) од Кичево. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Scroll to Top