Автомобил удри во патарина кај Куманово, загина возачот

пред 1 година

Возач загина кога автомобилот удрил во столб од наплатна станица „Романовце“.

Несреќата, како што информираа од СВР Куманово, се случила доцна синоќа околу 3.30 часот.

„На автопатот Скопје-Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, соопшти полицијата.

Пожарот е изгаснат.

Scroll to Top