Ако го испуштите часот за вакцинирање, пријавете се во кое било време истиот ден, а ако го испуштите денот – презакажете

пред 3 години

Вакциналните пунктови имаат толеранција за граѓаните кои ќе го испуштат терминот за вакцинирање. „А1он„ од Министерството за здравство побара објаснување како да постапат граѓаните кои ќе го испуштат закажаниот термин за вакцина.

„Ако го испуштиле часот за вакцинирање, од која било причина, можат да се јават кое било време, но истиот ден и на истиот вакцинален пункт на кој што им било закажано, ќе бидат вакцинирани. Ако го испуштат денот, тогаш треба да презакажат. Можностите се преку матичните лекари или едноставно повторно да се пријават на страницата вакцинацја.мк“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Вчера вкупно 8.500 граѓани имале закажани термини за вакцинација, а од нив се појавиле помалку од половина, односно 4256 лица. Од Министерството за здравство веќе известија дека за вчерашните термини направиле увид во системот поради многуте реакции од граѓаните за закажани термини на места во кои не живеат или на телефонски броеви што не ги користат. Увидот покажал дека граѓаните сами ги одбирале пунктовите на кои биле упатени. Тие можат да ги добијат вакцините на најблискиот пункт, а за тоа треба да ја покажа пораката или известувањето што го добиле.

Денес се закажани 13.500 термини за вакцинирање.

„Кога ќе затворат вакциналните пунктови пак ќе направиме увид во системот за да утврдиме колкумина не се појавиле на терминот за вакцина и да утврдиме кој направил пропуст“, велат од Министерството за здравство.

Минатиот месец, голем дел од граѓаните не се појавуваа на пунктовите оти не сакаа да ја примат вакцината која во моментот се давала. Кога почна вакцинацијата на ворасната категорија, многумина одбиваа да ја примат вакцината на „Астра зенека“ која Министерствот за здравство одлучи ај нас да не се дава на лица помлади од 60 гоини поради згрутчувањето на крвта што се поврзува со неа.

Денес министерот за здравство, Венко Филипче, уште еднаш повтори дека нема ниту можност ниту причина да се избра вакцина, оти сите биле безбедни. Иако во земјава веќе стигнаа вакцини од различни производители, вакцинирањето се врши со онаа вакцина која што е на располагање во моментот на секој од пунктовите.

Scroll to Top