Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

пред 3 години

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи синоќа Владата.

Со оваа одлука, полицискиот час наместо од 21 часот, ќе почнува од 23 часот, и ќе трае до 5 часот наредниот ден.

„Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22.30 часот, и тоа само на отворените делови, терасите на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи“, соопшти владината прес-служба.

Scroll to Top