Албански државјанин фатен со комбе полно со мигранти

пред 3 години

Државјанин на Албанија утрово бил фатен со комбе полно со мигранти на автопатот А1, делница Градско – наплатна станица „Отовица”, пред место викано „Дервенски мост”.

Утрово околу 10.30 часот полициски службеници од СВР Велес запреле комбе, управувано од А.Б.(37) од Република Албанија, кој прво се обидел да избега, но веднаш бил фатен и приведен, а по преглед во возилото биле пронајдени 21 лице – мигранти од Пакистан и Индија.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top