Андоновски: Оставка за оние кои гарантираа датум за преговори, а донесоа национален срам

пред 3 години

Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Министерство за надворешни работи по мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ кажа дека никогаш не ни помислувал дека некогаш ќе се протестира за изграден идентитет кој е пренесуван со децении.

„Дали постои друга земја за Македонецот освен Македонија? Дали постои друг народ понесреќен, потажен, пообесправен од македонскиот народ. Никогаш не помислував дека ќе треба да протестираме за еднаш даден и изграден идентитет пренесуван со децении, со генерации. За некои работи не се преговара, за јазикот не се преговара, за идентитетот не се преговара, за македонските јунаци не се преговара, за промена на учебници не се преговара. Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно дело, никогаш не се борел за големобугарските интереси за освојување на Македонија и ширење на Бугарија, тој се борел за ослободување на Македонија. Тој е апостолот на македонското движење и најголемиот Македонец и од него не смееме да отстапиме“, истакна Андоновски.

Во своето обраќање претставникот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Владо Бучковски, Зоран Заев и Бујар Османи сакаат да преговараат за работи за кои не се преговара.

„Владата на Зоран Заев влезе во едно неофашистичка игра и во таа игра сака да избрише се што сме да не прогласи за дрво без корен. Владо Бучковски, Зоран Заев и Бујар Османи сакаат да преговараат за работи за кои не смеат да се преговара и затоа доста е. Време е за оставка, оставка за срамот, за лагите кои ни ги носеа дека имаме датум за преговори со ЕУ, оставка зошто рекоа дека нема да има декларација или дополнителен договор со Бугарија, а го донесоа, оставка затоа што преговараа македонскиот јазик да биде со фуснота. Основа затоа што донесоа национален срам на македонскиот народ, а не донесоа ЕУ“, порача Андоновски.

Scroll to Top