Каракачанов: Доставивме анекс со 12 точки, Северна Македонија треба да го потпише за да добие датум за преговори

пред 3 години

Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во телевизиско интервју.

Според него, Република Северна Македонија имала шанса да одреди датум за преговори во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.

Каракачанов додаде и дека Бугарија не ставила вето, туку едноставно посочила оти нашата земја не е подготвена за датум за преговори.

„Во македонската свест постои негативна слика за Бугарија, со навредливи квалификации. Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме“, изјави бугарскиот министер.

Според него, Бугарија е за проширување на ЕУ на Западен Балкан, но процесот го поречува говорот на омораза кон сè што е бугарско.

Тој додава дека ваквата омраза се заснова на, како што вели, грубо и грозоморно фалсификување на историјата.

Scroll to Top