Армијата засилена со 200 професионални војници

пред 3 години

Нови 200 професионални војници денеска се приклучија во редовите на Армијата на Република Северна Македонија, а министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која им посака добредојде во Армија која е членка на НАТО, најави дека првата половина од 2021 година ќе бидат дополнително примени уште 250 професионални војници.

На свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, министерката Шекеринска во обраќањето пред новите професионални војници нагласи дека инвестирањето во Армијата започнува со инвестиции во човечкиот потенцијал, затоа се одржува политика на постојано прифаќање и ангажирање нови млади припадници и се води политика на многу чести приеми на нови професионални војници.

– Вашиот денешен ден е почеток на интересно и возбудливо патување како армиски професионалци. Ќе ги осознаете вашите граници, ќе ја тестирате вашата цврстина, трпеливост, знаење, волја и слично. Ќе сфатите дека да се биде во Армијата не е само професија, туку и начин на живот. Униформата ќе ве направени дополнително почитувани и дома и во заедницата. Затоа носете ја гордост и со чест, им порача министерката за одбрана.

Scroll to Top