Двајца британски државјани затекнати во дворот на Генерал штаб на Армијата во Скопје

пред 3 години

Двајца британски државјани синоќа биле забележани во кругот на Генерал штаб на АРСМ на улица „Орце Николов“ во Скопје.

Според информациите на МВР, тие биле приведени во Полициска станица Центар и било утврдено дека се работи за Ј.С.Х.(28) и O.J.Х.(33), двајцата државјани на Англија.

Во разговор со полициски службеници изјавиле дека се обиделе да го скратат патот до хотелот каде биле сместени и не знаеле дека влегле во објект во кој не смеат да се движат.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top