Битолчани фатени со хероин во „Голф“ на наплатна станица кај Велес

пред 3 години

„На 09.05.2021 во 17.00 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија Велес ги лишиле од слобода Г.Ц.(33) и О.Н.(35) од Битола“, информираат од полицијата.

„При преглед над нив и на патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц., каде како сопатник бил О.Н., пронајден е и одземен хероин. За настанот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по чл.215 од Кривичниот законик“, се додава во соопштението од МВР.

Scroll to Top