Дилери од Штип фатени со хероин во „Голф“ на наплатната рампа „Миладиновци“

пред 3 години

Полицијата соопшти дека се уапсени двајца дилери на дрога од Штип, откако при претрес на нивниот „Голф“ полицајците пронашле пакување со хероин.

„Денеска (21.04.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија на наплатна рампа “Миладиновци” ги лишија од слобода Т.З.(43) и Ш.Н.(30), двајцата од Штип. Имено, при извршена контрола на патничко возило “голф”, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н. од Штип, во кое сопатник бил Т.З., и преглед над двете лица, полициските службеници кај Т.З. пронашле полиетиленско пакување хероин,“ соопшти МВР.

Двајцата се приведени во Полициска станица Гази Баба, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, додаваат од полицијата.

Scroll to Top