Приведени дилери кај Сопот, запленет хероин

пред 3 години

На автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај село Сопот, вчера во попладневните часови, полициски службеници од Одделот за кримниналистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Велес ги лишија од слобода 44-годишниот А.К. од Прилеп, кој управувал патничко возило „опела зафира“, во кое сопатник бил 30-годишниот А.Т. од Прилеп, бидејќи при извршен преглед е пронајдено поголемо полиетиленско пакување со хероин.

Како што денеска соопштија од МВР, лицата се приведени во полициска станица и по насока на јавен обвинител против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик.

Scroll to Top