Блумберг: Доколку продолжи со ова темпо, пандемијата во Македонија ќе заврши во 2031 година

пред 3 години

Со досегашното темпо на вакцинација, Македонија ќе стекне колективен имунитет за 10 години, објави Блумберг.

„Во Македонија, најновите податоци покажуваат дека во просек се дава по 651 доза на ден. Со ова темпо, потребни ќе бидат уште десет години за да се имунизира 75 отсто од популацијата“, пишува Блумберг.

За разлика од кај нас, во соседна Албанија, потребни ќе бидат уште само девет месеци за да се имунизира 75 отсто од населението.

Бугарија со 9.215 дози на ден, ќе се стекне со колективен имунитет за речиси три години од сега.

Во Србија засега просекот на дневно вакцинирање е 62.857 дози, што значи дека за четири месеци веќе ќе бидат имунизирани 75 отсто од луѓето.

Масовната вакцинација, како што ја нарекува министерот Венко Филипче, кај нас започна пред два дена.

Според неговата изјава, во арената „Борис Трајковски“ во просек се вакцинираат околу 300 лица на час, или околу 3.000 на ден.

Scroll to Top