Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев соопшти дека најверојатно првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјава в недела.

„Еве јас знам кога ќе пристигнат вакцините, но како да кажам ако не стигнат тогаш, ајде сепак ќе ви кажам“, колебајќи се ја сподели информацијата.

Досега единствените вакцини со кои располага Македонија се вакцините од „Фајзер“ кои ги добивме како донација од Србија и служат единствено за имунизација на здравствените работници од ковид-центрите.

Scroll to Top