Вакцината на „Астра зенека“ ќе се дава на лица под 65 години

пред 3 години

По примерот на другите земји, во Македонија со вакцината на „Астра зенека“ ќе се вакцинираат лица под 65 годишна возраст.

Александра Грозданова денеска на прес-конференција со министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека странските искуства укажуваат дека оваа вакцина не е ефикасна кај популацијата постара од 65 години.

Таа појасни дека тоа не значи оти е оваа вакцина е штетна, туку дава помалку ефект кај постарата популација.

Според распределбата на Ковакс механизмот, во Македонија до јуни треба да пристигнат 103.200 дози од вакцината на „Астра зенека“.

Scroll to Top