Вакцинацијата против сезонски грип од понеделник во Куманово на нова локација

пред 3 години

Вакцинацијата против сезонскиот грип во Куманово наместо во досегашниот објект, спроти невролошкото одделение во кругот на болницата, од понеделник ќе се спроведува во вакциналниот пункт во „Тоде Мендол“, соопштија денеска надлежните од Здравствниот дом Куманово.

Вакцинацијата ќе се извршува секој работен ден од 08 до 16 часот.

– Вакцинацијата против сезонскиот грип во Куманово почна на 13 ноември и досега вакцинирани се 228 граѓани, информираше главната сестра од Здравствниот дом, Марина Додевска.

Бесплатна вакцина можат да добијат неколку категории граѓани, но само ако имаат закажан термин преку матичните лекари.

Во Куманово има на располагање 700 дози вакцини против сезонски грип, наменети за лица постари од 65 години, хронични болни, деца од шест месеци до шест години, бремени жени и здравствени работници.

Scroll to Top