Зголемен бројот на термини за вакцинација против сезонски грип

пред 3 години

Министерството за здравство информира дека од денеска се зголемува бројот на термини за вакцинација против сезонски грип. Вакцинацијата се одвива во 6 поликлиники на територија на Скопје: Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански. Закажувањето на терминот за вакцинација е преку матичните лекари.

Во работните денови пунктовите за вакцинација работат до 19 часот, а во саботите од 8 до 14 часот.

Вакцинација е бесплатна за старите лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години. Дистрибуцијата по останатите градови е во тек и граѓаните дополнително ќе бидат информирани за отворените термини за вакцинација

Според препораките од епидемиолозите нема период во кој може да се задоцни со вакцинацијата. Добро е секој граѓанин да ја прими вакцината во било кој пердиод до започнување на пикот на сезоната на грип, препорачуваат од Минстерството.

Scroll to Top