Вакцинација на медицинскиот персонал со „Спутник V“

пред 3 години

Во поликлиниката „Јане Сандански“ каде денеска почна вакцинацијата со руската вакцина „Спутник V“ досега се вакцинирани 116 лица, информираа од оваа здравствена установа.

Очекуваат до крајот на денот да бидат вакцинирани околу 180 лица. Пунктот за вакцинација работи до 20 часот.

Руската вакцина пристигна викендот. На скопскиот аеродром во неделата пристигнаа првите 3.000 дози од оваа вакцина.

Покрај во поликлиниката „Јане Сандански“, процесот на вакцинација се одвива и во поликлиниката „Букурешт“ каде во тек е ревакцинација со вакцината на „Фајзер“.

Scroll to Top