Велосипедист смртно настрада во несреќа кај Охрид

пред 3 години

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на стариот магистрален пет Охрид – Струга.

Според информациите од СВР – Охрид, до несреќата што се случила во близина на автобуската постојка дошло кога во велосипедист удрило патничко моторно возило. Притоа смртно настрадал велосипедистот.

Во тек е увид на местото што треба да ги утврди околностите што довеле до несреќата.

Scroll to Top