Верските лидери бараат да бидат вклучени во дискусијата за реформите во образованието

пред 3 години

Верските лидери во земјава бараат да бидат вклучни во дискусијата за реформите во образованието.

Поглаварите на црквите и верските заедници споменати во Уставот, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Реисул Улема на ИВЗ х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов и суперинтендентот на ЕМЦ Марјан Димов денеска одржаа работна средба. Поради објективни причини на средбата отсуствувала претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ.

„На средбата верските лидери разменија мислења по однос на реформите во основното образование и едногласно бараат од надлежното ресорно Министерство за образование вклученост на црквите и верските заедници во јавната дискусија по предлог измените во законот со цел зачувување и унапредување на наставниот предмет етика во религиите и заштита на правата на наставниците кои го предаваат, но и овозможување на децата настава по крицијалните научни дисципнини со избегнување на решенија кои согласно нашите општествени вредности не би биле соодветни“, се наведува во заедничкото соопштение.

Верските лидери размениле и мислење во однос на предлог Законот за заштита и спречување на насилство врз жената и предлог Законот за даноците на имотот, за кои, како што се наведува во соопштението, со цел подобрување на законската регулација конструктивно ќе придонесат со предлози до надлежните предлагачи.

Scroll to Top