(ВИДЕО) Андоновски: Без никакво образложение во полициска станица беа задржани повеќе членови на УМС Пробиштип

пред 3 години

„СДСМ е очајна па удира по младите, денеска власта на Заев без никакво образложение ги држеше во полициска станица повеќе членови на Унијата на млади сили во Пробиштип. Причината за нивното приведување е искажување на политичка мисла против локалната власт во

Пробиштип и нивната неспособност. СДСМ ја нема поддршката на граѓаните, а особено од младите и затоа удира по младите“, рече Мартин Андоновски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ константно спроведува политички прогон врз сите неистомисленици.

Но и покрај тоа бидете сигурни дека не можете да ги покриете вашите лоши политики со спроведување на терор и сеење на страв. Младите нема да ги исплашите! Младите се носители на промените.

Почитувани господа од власта ние младите ви порачуваме дека за целото незаконие, лажни ветувања како на локално така и на централно ниво ќе одговарате и тоа за многу брзо.

Нема да не уплашите и нема да не сопрете! Ќе бидете победени! Македонската пролет доаѓа!“, изјави Мартин Андоновски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top