(Видео) Андоновски: Зоран Заев е опоменат од Стејт Департментот за прекумерен притисок врз судиите

пред 3 години

Осврнувајќи се на Извештајот од Американскиот Стејт Департмент членот на извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски вели дека тоа е уште еден срам за Владата на Зоран Заев на меѓународна сцена.

„Владата на Зоран Заев гонела новинари затоа што објавиле доверливи податоци за скандалот „Рекет“ и за други случаи. Прогонот на неистомислениците се однесува на случаи каде е откриено дека високи функционери на владејачката партија СДСМ се вмешани во скандалот „Рекет“ и во изнудувањето пари. Понатаму, овие новинари зборуваа за партиско-политички пресметки кај вработен во МВР кој не беше примен на работа во АНБ затоа што неговиот татко е поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ се опоменати дека работат како шалтери за придобивки. Партиските членови на СДСМ ги прескокнуваат образовните и професионалните законски пропишани критериуми за позициите во јавната администрација“, вели Андоновски.

.

Според него очекувано е како што рече што САД забележува и дека државни службеници од власта се дел од коруптивни активности.

„И покрај лажните пи-ар заложби на Заев и Маричиќ за реформи во судството, Стејт Департментот вели, цитирам: Пoстојат примери на погрешно судиско однесување, прекумерниот притисок врз судиите, одложуваната правда и несоодветното финансирање на правосудството кои и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и влијаат врз јавната доверба во правосудството. Судството останува подложно на политичко влијание и со слаба доверба од јавноста“, додаде Андоновски.

Според него, ова претставува голем удар за кредибилитетот на Македонија во меѓународни рамки.

Scroll to Top