ВИДЕО: Седум часа синовите на Мијалков седат во полициска станица, се чека да кажат каде избегал татко им

пред 3 години

Скоро осум часа, Александар и Јордан Мијалков синови на избеганиот Сашо Мијалков даваат исказ во полициската станица во Кисела Вода. Полицијата се обидува да извади информации од нив за тоа каде се наоѓа првоосомничениот во „Таргет-Тврдина“, Сашо Мијалков.

Додека едниот од нив дава исказ, другиот чека во холот на полициската станица. Во нивна придружба е и адвокатот Петар Василев, кој го застапува Мијалков и во случајот за прислушкувањето.

Пред нив, испитани беа и лицата кои го обезбедуваа Мијалков. Од нив беа одземени и телефоните. „А1он“ дознава дека уредите ќе бидат дадени на вештачење веќе утре, за да се открие дали во нив има информации кои ќе помогнат во пронаоѓање на избеганиот Мијалков.

Засега непознато е како тече распитот на семејството на Мијалков. Обвинителката Вилма Русковска за „А1он“ откри дека меѓу последните со кои се гледал и седел во „Мериот“, била неговата сопруга Александра. И таа е меѓу лицата кои се на распит.

Претходно, од автомобилот на обезбедувачите на Мијалков беа одземени актовки, документи и лични торбици.

Scroll to Top