ВИДЕО: Во „хамер“ во тетовско пронајдени 100 пакувања кокаин, приведен е дилерот

пред 3 години

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А. Б., инаку жител на ова село.

Како што информираат од МВР, при преглед во возилото „хамер“, со тетовска регистарација, кое го управувал 31-годишникот, биле пронајдени кокаин спакуван во 100 пакувања со разна големина, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона.

При претресот, дилерот се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.

Тој бил приведен во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Scroll to Top