Притвор за дилерот со „Хамер“ од тетовско кој нападна полицајци откако го фатија со кокаин

пред 3 години

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово вечерва му одреди мерка притвор на 31-годишниот жител на селото Порој кој вчера беше уапсен откако кај него беа најдени марихуана и над 100 пакувања кокаин.

– А.Б (31) од Порој по лишувањето од слобода е задржан во Полициската станица Тетово, а неговото возило е одземено за вештачење. По целосно документирање на случајот и изготвени соодветни поднесоци изведен е пред судија во претходна постапка кој одреди 30 дена притвор, информираат од СВР Тетово.

Приведениот беше фатен на паркинг на фирма во Порој, а при тоа се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.

Во неговиот „Хамер“ полицајците пронашле преку 100 пакувања со кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона.

Scroll to Top