ВИДЕО: Девојка во Карпош, спречена во намерта да скокне од петти кат

пред 3 години

Специјалци спречија млада девојка да скокне од петтиот кат од зграда во скопски Карпош. Тие со јажиња од горниот кат се спуштија и ја затворија терасата.

Од противпожарната единица Скопје информираа дека за случајот пријавиле соседите околу 12.30 и дека девојка е качена на балкон со намера да скокне.

„Веднаш дојдовме на местото на настанот и поставивме безбедносен душек, доколку скокне од петтиот кат, за да се спаси. Но, по наредба на интервентната полиција која ја презеде акцијата ние тука се повлековме и настапија нивни екипи во акцијата за спасување. Како што видовте, полицајците со јажиња се качија на горниот кат и ја затворија излезната врата од балконот на долниот кат каде што беше девојката. Акцијата е успешно завршена“, изјави Владимир Кочовски командир во против пожарна единица Скопје.

Мотивите и околностите кои довеле до овој настан допрва ќе се утврдуваат, од страна МВР.

Scroll to Top